Вебкафе

Со шокантна фотографија покажа како изгледаат последиците од силување


Уметничкото дело кое го направи студентката по уметност, 19-годишната Ема Крензер од универзитетот Веслејн, Небраска, експресно се шири по социјалните мрежи. На истото таа ги прикажува последиците од сексуалното силување, а го изработи за потребите на еден колегиум.

„Делото го направив примарно за себе да си покажам какви трајни последици може да остави допирот врз некого“, изјави Ема за BuzzFeed News.

Концептот на делото е следен: Ема фотографираше гола една своја пријателка, ја зголеми фотографијата во природни човечки димензии, а потоа со обоени отисоци од рака остави отпечатоци врз истата. Како што вели, различните бои симболизираат допири од различни луѓе во нејзиниот живот.

„Размислував за тоа што ми се случило мене, а што на другите додека ги мапирав допирите“, додаде таа.

Легендата на фотографијата објаснува која боја ги симболизира поединечните личости. Виолетовата е мајката, сината е таткото, зелената се браќата и сестрите, жолтата се пријателите, портокаловата се љубовните партнери, а црвената се лицата на кои им било речено „не“.

A photo posted by Emma Krenzer (@emmakrez.jpg) on

Крензер својот проект го завршила вечерта откако се вратила од Женскиот марш во Вашингтон.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!