Авто мото

Со 680 коњски сили, Panamera Turbo Hybrid е најмоќен сериски модел на Porsche


Со вкупна комбинирана сила од 680 кс, новиот Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid воедно е и еден од најбрзите модели во понудата на овој германски производител.

Со оглед на фактот дека ексклузивниот Porsche Spyder 911 повеќе не се произведува, Panamera Turbo S E-Hybrid изби на чело меѓу најсилните актуелни модели на Porsche.

Овој автомобил за погон користи 4.0-литарски твин-турбо V8 што испорачува 550 коњски сили. а му помага електромотор со 136 коњски сили. Вкупната комбинирана сила на два агрегата изнесува 680 „коњи“, додека максималниот вртежен момент изнесува 850 Nm, а достапен од 1.400 вртежи/мин.

Перформансите на автомобилот подеднакво се импресивни. Од 0 до 100 километри на час „Panamera Turbo S E-Hybrid стигнува само за 3,4 секунди, додека максималната брзина е 310 километри на час.

Како споредба, Porsche 911 GT3 RS што е познат како изразено спортски автомобил, до стотка забрзува за 3,3 секунди, додека неговата максимална брзина е иста како кај овие хибридни лимузини.

Освен силата, Panamera Turbo S E-Hybrid може да се пофали и со солидна автономија во возење на струја. Ако за погон користи само електрична енергија, во состојба е да помине повеќе до 50 километри, што е доволно за пократките дневни релации низ град.

За тоа се заслужни литиум-јонските батерии со капацитет од 14,1 кв/ч, што на регуларен домашен штекер се полнат за шест часа. Со помош, на опциоскиот, брз 7,2 киловатен полнач времето на полнење се скратува на 2,4 часа.

Panamera Turbo S E-Hybrid ќе дебитира на претстојниот саем на автомобили во Женева.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!