Филм / ТВ

Снимена првата клапа од македонскиот игран филм „Ефектот на љубовта“


Во Скопје започна снимањето на македонскиот игран долгометражен филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect). Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот почнува невообичаена потрага по среќата, ефектите од неа врз другите луѓе и можноста од нејзино ширење и мултиплицирање.

Филмот е урбана драма, која ја обработува универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.

Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

„Ефектот на среќа“ е во продукција на Ново Македонско Видео, најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се Њу Момент, Видео Хаус анимејшн, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.

Филмот ќе се снима во следните 30 денови, на локации во Скопје и Охрид.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top