Екстра

Снежната поезија на Маркови Кули


Планинските прошетки по идиличното зимско сончево време со снежна покривка која прави бајковити панорамски глетки и убавини кои ги полнат зениците е не само примамлива рекреативна уживанција, туку и препорачлива здрава активност која ќе ве зајакне и закрепне, како физички, така и духовно.

9-1-markovi-kuli3

За сите оние кои немаат доволно време, волја и кондиција за посериозни планинарски потфати, препорачуваме зимски уживанции во вашата најблиска околина. Водно до Скопје, може и Скопска Црна Гора, се најчест пример за рекреативно уживање во пешачењето и опуштеното планинарско искуство. За сите оние кои се од Прилеп, периодов го препорачуваме локалитетот Маркови Кули (ако веќе Трескавец, Селечка планина и Козјак се надвор од вашиот интерес и можности, што не треба да ги исклучите како предизвик за уживање и подобрување на кондицијата).

9-1-markovi-kuli2

 

Маркови Кули од снежната покривка е претворен во една поголема идилична појава и сцена, како од некоја разгледница. Кружната патека која води од карпата Слон, во подножјето на Маркови Кули, до самиот врв Чардак со Тапанче, ќе ви пружи опуштено и не многу напорно уживање во идиличните крајпатни снежни писанија на природата, кои таа ги ваја со најфина рака, а кои ќе ве натераат и да заборавите на ниските, минусни температури.

9-1-markovi-kuli4 9-1-markovi-kuli7

 

Пред вас ќе се простираат навистина импресивни глетки кон Златоврв, Козјак, Крушево, а во јужните делови ќе го видите и горделивиот Пелистер. Секако, на исток ќе ве дразни красната Селечка. А Прилеп, долу, спокоен и лежерен, ја преживува својата зима и зимски убавини и проблеми.

9-1-markovi-kuli8 9-1-markovi-kuli6 9-1-markovi-kuli5

Опуштена прошетка која ќе ви потроши добра број на калории, доволно енергија за телото да ви се чувствува олеснето, а збогатени со допадливи глетки, одлични фотографии и симпатична искуствена интеракција со карпите и културно-историските оставштини кои ги чува и негува Маркови Кули, како и поетичноста со која зрачи зимското лице на прилепската карпеста гордост.

9-1-markovi-kuli9 9-1-markovi-kuli10

Фотографии и текст: Александар Војнески


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top