Спорт

Смртта на фудбалерот го потресе светот: Вчера го водеше тимот до победа, никој не знае што се случи!


Ирскиот фудбал е завиен во црно после изненадната смрт на 27-годишниот капитен на Дери Сити, Рајам МекБрајд.

Дефанзивецот на еден од најдобрите ирски клубови, почина ненадејно во неделата во својот дом, само еден ден откако капитенски го предводеше тимот во победа над Дрогеда од 4:0.

МекБрајд играше за Дери од 2011 година, а капитенската трака ја доби 2015 година. Неговиот сон беше да игра за тој клуб, а причината за смртта не е позната.

„Нашите мисли и молитви се со фамилијата на Рајан МекБрајд и сите кои се дел од Дери Сити“, стои во соопштението на федерацијата.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!