Актуелно

Случајот „Труст“ одложен за 14 ноември


Судското рочиште во Кривичен за случајот „Труст“ во кој прво обвинет е Сеад Кочан, бизнисмен и сопственик на Трансмет и ТВ Нова е одложено за вторник. Сеад Кочан денеска за прв пат седна во обвинителна клупа.

Рочиштето е одложено на барање на одбраната која барала листа на докази, бидејќи судот не им ги доставил, а СЈО ги доставило заедно со обвиненијата. Беше констатирано дека навистина немало листа на докази. Во текот на денешното судење обвинителот од СЈО ги префрли на усб доказите по што во текот на следниве неколку дена тие ќе бидат разгледани.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top