Слика од Гоген продадена за 300 милиони долари – најскапо продадена слика во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сликата од славниот француски сликар Пол Гоген со мотив на две девојчиња од Тахити, е продадено за 300 милиони американски долари со што стана најскапо продаденото уметничко дело кога и да е.

Платното Гоген го насликал во 1892 година и досега беше во сопственост на швајцарскиот колекционер Рудолф Стаешелин, и со години беше изложено во „Кунстмузеум“ во Базел, каде беше на позајмица од сопственикот.

Nafea Faa Ipoipo (¿Cuándo te casas)

Според непотврдените информации на BBC, сликата наречена „Nafea Faa Ipoipo (When Will You Marry?)“, е продадена на музеј во Катар.

Претходно најголемата цена од 250 милиони долари беше платена, исто така, од купувач од Катар кој пред три години оваа сума ја издвои за делото на Пол СезанКартаџии“.