И славните фаци се суеверни – еве кој од што се „тресе“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суеверието е неоснован паничен страв или наклонетост кај луѓето од некој предмет или појава за кои тие веруваат дека им носи несреќа или среќа.

А кога станува збор за ѕвездите и суеверието, во тој случај тоа добива сосема друга димензија. Ова го вклучува и суеверието. Дури и некои од нив претеруваат. Еве дел од суеверијата на светски познатите луѓе.

„Кога се качувам на авион, јас секогаш влегувам прво со десната нога. И барам да го допрам авионот малку однадвор. Ми носи среќна. Некој ми го кажа овој трик пред некое време и оттогаш го правам тоа цело време“, вели Џенифер Анистон.

За Рејчел Вајз, денот се познава не по утрото, туку во чевлите.

„Ако не ги ставам вистинските чевли, се е збркано и денот воопшто не е добар. Затоа утрото гледам што ќе направам. Од тоа зависи целиот мој ден“, вели таа.

Аксел Роуз од „Ганс ен Розис“ никогаш не изведува концерти во градови чие име започнува со буквата М. Според него, таа е проколната.

Многу интересна е ситуацијата со Меган Фокс. Секој пат кога ќе лета со авион, таа ја слуша Бритни Спирс. Но не бидејќи таа е голем обожавател на неа.

– Не мислам дека мојата судбина е да умрам додека го слушам албумот на Бритни Спирс, вели Фокс.