Славниот нутриционист ја открива тајната: Овој е најефикасниот начин за согорување маснотии


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барате ли најдобар начин да ги согорите маснотиите во својот организам, наместо скапи часови и напорни тренинзи прво обидете се нешто многу едноставно – повеќе пешачете.

Нутриционистот и тренер на славните Харли Пастернак, на чија листа на клиенти се Ким Кардашијан, Ариана Гранде и Леди Гага, вели дека интензивните кардио вежби не се најдобар начин да достигнете потенка фигура.

Всушност, кај некои луѓе кардио тренинзите докажано имаат контра ефекти.

Пастернак тврди дека колку поинтензивно правите кардио вежби, ќе согорите повеќе калории во минута, меѓутоа поголем процент од тие калории стигнуваат од „немасни извори”. За разлика од тоа, со одењето ќе потрошите повеќе маснотии.

Уште една важна појава зборува против интензивните кардио вежби, а тоа е гладот.

Пастернак тврди дека постои директна врска меѓу интензитетот на кардио вежбите и апетитот. Колку повеќе тренирате на овој начин, толку повеќе ќе бидете гладни после тренингот. Тоа може да ве доведе до состојба да јадете повеќе од вообичаено.

„Тие луѓе по таквите тренинзи слушам дека се многу лакоми и јадат колачи без глутен и свеж цеден сок полн со шеќери” – вели тренерот.

Ако тоа не е доволно да ве убеди, тој додава дека кај екстремните кардио вежби имате поголеми шанси да се повредите.

Зборувајќи за обичните луѓе кои сакаат да ослабат тој ги советува да набават добри патики за шетање. Одењето исто така се смета за прифатлива метода на вежбање за луѓе, од сите нивоа на физички активности.

Според неговите податоци, Американците во просек поминуваат 4.100 чекори дневно, додека населението на поздравите земји во исто време прават над 10.000 чекори дневно. Поради тоа, Пастернак на своите клиенти дава дневни задачи да поминат од 10 до 14.000 чекори.