Славниот Гир ја открива причината зошто веќе не снима филмови во Холивуд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот актер Ричард Гир во интервју за Hollywood Reporter откри дека за него повеќе нема место во холивудските филмови поради неговиот политички став поврзан со Тибет.

Според Гир, Американската академија на филмски уметности изразила загриженост со неговите ставови поврзани со кршењето на човечките права во Тибет, бидејќи би можел да ја оддалечи кинеската публика од посета на киносалите.

Кина е голем пазар во светот, а Гир го поддржува Тибетското движење за независност, со што доби забрана во Кина.

На доделувањето на Оскарите во 1993 година Гир го искажа својот став за кинеската окупација на Тибет, а во 2008 година повика на бојкот на Олимписките игри во Кина.

Во 80-тите и 90-тите години на минатиот век Ричард Гир беше дел од низа успешни филмови како Pretty Woman, An Officer and a Gentleman, Internal Affairs и Runaway Bride.

Гир е будист и пријател на Далај Лама. Кога станува збор за неговата кариера, тој сега добива помали, споредни улоги.