Славниот дерматолог ја открива тајната на Ким, Викторија Бекам и Бијонсе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Негуваната кожа е една од посилните и попривлечните страни кај поубавата и понежна половина од човечкиот род. Нежната и здрава женска кожа е вистинско задоволство да се почувствува под допирот на прстите.

А во тој поглед, славните убавици од светот на шоубизнисот се вистински фанатици за нега на својата кожа.

Познат холивудски дерматолог кој се грижи за кожата на многу познати личности меѓу кои и Викторија Бекам, Ким Кардашијан и Бијонсе ја открива тајната за сјајот и убавината на нивната кожа.

Д-р Харолд Лансер откри 10 златни правила преку чие следење кожата изгледа здраво и блескаво.

Како прво и основно, тој открива дека блескавата кожа бара доволно сон. Во текот на спиење се зголемува производството на колаген кој влијае врз изгледот на телото.

Под правило број два советува да се избегнува туширање со врела вода бидејќи топлината значително допринесува за сушење на кожата.

Правило број три е дека треба често да се нанесува крем со заштитен фактор. Кремот не треба да се нанесува само наутро со надеж дека ќе ве штити целиот ден.

Правило број четири е дека треба да ја перете вашата перница еднаш неделно. На перницата се таложат голем број на бактерии кои доколку се прилепат на кожата создаваат црвенила и инфекции.

Правило број пет е дека шминката треба да биде отстранета макар и да бидете доста уморни од напорниот ден. Редовно правете пилинзи за да ја исчистите кожата од надворешните влијанија.

Под правило број шест спаѓа јадењето на свежа и здрава храна. Храната има влијание врз организмот, а вишокот на шеќери и штетни материи создаваат воспаленија кои се одразуваат на надворешниот изглед на телото.

Правило број седум е дека лицето не треба да се допира, а доколку го направите тоа веднаш избришете го местото на кое што сте се допреле.

Правило број осум ја претставува грижата за вашиот мобилен телефон како уред кој најчесто го користите. Редовно чистете го со медицински алкохол како би спречиле пренесување на бактерии од него на вашето лице.

Правило број девет е внесот на вода во организмот. Количеството на вода е потребно за да може кожата да се хидрира и да остане еластична.

И како последно правило го наведува користењето на краставици. Тие се добри за кожата бидејќи содржат вода во себе, а се неверојатни за ублажување на несаканите подоочници.