Славната убавица не престанува да не воодушевува со нејзиниот труднички стил! (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Штом дознавме дека Крис Тајген чека второ дете, знаевме дека ќе можеме да очекуваме многу одлични труднички изданија.

Веќе во првата бременост се здоби со титула како најмодерна позната бремена жена, а сега повторно го оправдува тоа. Мора да признаеме дека манекенката уште повеќе ги исполни нашите очекувања.

Убавата трудница буквално блесна во златен фустан со ремен на струкот, а погледот им го „зеде“ скоро на сите. Крис си поигра со боите, а целокупниот впечаток беше како и секогаш одличен.