Славната Беби Дол предизвика бура од коментари со однесувањето: „На што е таа?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката која се појави на интернет, на која некогаш популарната пејачка Беби Дол гостува во едно студио, ги натера големиот број фанови да се запрашаат што се случува со неа.

Беби Дол влезе во српското реално шоу „Задруга“, а пред тоа гостуваше во студиото каде ги коментираше останатите учесници.

Она што најмногу привлече внимание беше однесувањето на Беби Дол. Овај се одржуваше на столот и плеткаше со јазикот додека зборуваше, па многу од YouTube корисниците заклучија дека тоа е последица од опојни средства.

„Пијана е како чеп, ме чуди што не падна од столот“, „Беби мортус“, „На што е оваа?“, беа само некои од бројните коментари, додека дел од нејзините обожаватели ја бранеа пред нападите во коментарите.

„Дали сме толку очајни да не знаеме да цениме еден уметник како што е Беби Дол?“, праша еден од нејзините позитивно настроени обожаватели.

„Беби Дол е можеби чудна и видно поинаква од останатите, можеби замара, но не значи дека е болна и можеби го плетка јазикот, но не значи дека е пијана. Таква е отсекогаш. Погледнете нејзини претходни снимки, па потоа осудувајте, вака испаѓате само бедни и површни“, порача друга обожавателка.