Нобел

Скоро сите луѓе погрешно го изговараат името на iPhone X – еве како треба


И покрај тоа што новиот модел на смартфон од американскиот технолошки гигант Apple, фамозниот iPhone X, беше претставен со зборовите: Ова е iPhone десет“, фановите на веројатно најпопуларниот смартфон на светот и корисниците на истиот и понатаму упорно во продавниците го бараат новиот „Ајфон икс“.

Американските медиуми очигледно беа принудени да потенцираат дека озната X се однесува на римскиот број 10, а не на буквата од англиската азбука.

Business Insider наведува дека дури и логично е да станува збор за број, а не за буква, со оглед на фактот дека телефонот е претставен на 12 септември, оваа година, на десетгодишнината од промоцијата на првиот iPhone модел.

Но, и покрај тоа, луѓето од цел свет, дали поради незнаење или тврдоглавост, никако да прифатат дека „иксот“ треба да го изговараат како бројка, 10, а не како буква.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top