Скопје подготвен за Супер купот: Специјална програма и пехарите на плоштад!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во пресрет на УЕФА Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, едни од најголемите фудбалски клубови во светот, Град Скопје со полна пареа ги реализира и последните подготовки за активностите во „неутралната фан зона“, која ќе биде лоцирана во центарот на градот на плоштад „Македонија“.

Организаторите како и илјадниците обожаватели, со нетрпение го очекуваат овој голем дуел на националната арена „Филип Втори“ кој ќе се оддржи на 8ми август, а за таа цел Град Скопје во соработка со УЕФА, партнерите на УЕФА и ФФМ подготви дводневна богата музичка програма и активности во оваа фан зона.

Скопското Кале пред неколку дена го доби својот Супер Куп сјај, а градот веќе полека го трансформира својот изглед за претстојниот натпревар и полека го прикажува спортскиот дух кој допрва треба да го доживеаат верните фанови и од други земји кои се очекуваат да пристигнат за оваа спортска манифестација. Град Скопје подготви и специјални “meeting points” за двете групи на навивачи од каде ќе се упатат кон арената во боите на својот омилен клуб. Навивачите на Реал Мадрид ќе се сретнат на плоштад „Филип Втори“, а навивачите на Манчестер Јунајтед на платото пред спомен куќата на „Мајка Тереза“.

Сите активности и целосната музичка програма подготвени за 7ми и 8ми август ќе се оддржат во „неутралната фан зона“ на плоштад „Македонија“ каде на неутрална позиција сите фанови ќе можат да се забавуваат и да уживаат во еуфоричната атмосфера.

Неутралната фан зона ќе биде отворена на 7ми и 8ми август, од 11.00 часот па сè до 19.00 часот. На 7ми август во 11.00 часот ќе започне грас-рут турнирот помеѓу момчиња кој се организира во склоп на „Трофеј турата“ од страна на ФФМ. Девојчињата кои ќе се натпреваруваат на грас-рут теренот ќе започнат во исто време наредниот ден (8ми август).

Сите кои ќе ја посетат „неутралната фан зона“ ќе имаат можност да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА, трофеите на Супер Купот, Лигата на шампионите и Лига Европа, а за анимирање и забавување со фановите секако ќе се погрижи и маскотата на Супер Куп 2017 Скопје. Дополнителни активности ќе бидат организирани и од главните партнери на УЕФА Pepsi, Heineken, Master Card и Nissan.

Првиот ден, 07.08.2017 (понеделник), на големата бина која ќе биде поставена на плоштад „Македонија“ ќе настапат Симона Попоска, DJ Mats, ContruDJ и DJ Branchez, додека на 08.08.2017 (вторник), се очекуваат настапите на феноменалните Сара Мејс, DJ Dela, Brass Brothers и DJ Bobi.