Скокаше како мало дете: Мурињо никогаш не се радувал вака на трофеј (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Титула првак на Европа и Куп на УЕФА со Порто, трофеј во Лигата на шампионите со Интер, Примера со Реал, Премиер лига со Челзи – сето ова се успеси и трофеи кои Жозе Мурињо го вбројуваат меѓу најуспешните тренери во историјата на фудбалот, но се чини дека на ниту еден трофеј досега, од погоре споменатите, не му се радувал како што му се радуваше на синоќешниот со Манчестер Јунајтед во Лига Европа.

После исклучително напорната и турбулентна сезона, Португалецот успеа со „Црвените ѓаволи“ да ја освои Лига Европа и да обезбеди пласман во Лига на шампионите, а на тоа се радуваше и скокаше како мало дете.

Прв во прегратка синоќа му притрча неговиот син Жозе Марио Мурињо, а после тоа на лицето од „Специјалните“ се меунваа сите емоционални состојби – од солзи, до смеа. Тој константно држеше четири кренати прсти во воздух кои означуваат четири освоени европски трофеи.