Вебкафе

Скандалозно: Снимаа како со камиони прегазуваат и убиваат мечка во Сибир


Скандалозното видео објавено на интернет ја прикажува ситуацијата кога работници во сибирската област Јакутиа, неколку пати прегазуваат мечка со нивниот камион со јасна цел да ја убијат, додека еден се слуша како вели „убиј ја, направи го тоа“.

Измаченото животно се обидува да стане, но тогаш го прегазува и друг камион. А потоа, еден од работниците ја удира мечката со метална шипка по глава за да провери дали е мртва. Полицијата сега трага по сторителите на овој монструозен и скандалозен чин кој вклучува екстремно измачување на диво животно, а доколку ги фатат, на идиотите им се заканува казна од две години затвор.

Кафеавите мечки кои не насобрале доволно масти за да можат да хибернираат преку зимскиот период се погладни и поагресивни од обично, претставувајќи сериозна закана за луѓето. Тие во таква вонредна ситуација и луѓето ги гледаат како храна, бидејќи ќе изедат сè што ќе им се најде на пат. Но, оваа мечка воопшто не покажува знаци на агресија.

Ситуацијата дополнително се комплицира со вклучување на локалното население, кое оваа шокантана вест ја прими доста лошо, бидеќи мечките за локалното автохтоно Саха население во оваа област се свети животни, па тие сега инсистираат сторителите на овој грозоморен чин да бидат казнети.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!