Скандал ја тресе Германија: Претреси и истрага против „Audi“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Државното обвинителство во Минхен покрена во средата истражна постапка против непознати лица во компанијата Audi, а истрага е започната по претресите на во седиштето на компанијата во Инголштад во средата утрото, кои се поврзуваат со скандалот околу софтверот за манипулирање при тестовите за штетните издувни гасови на дизел моторите во рамките на концернот Volkswagen, на кој му припаѓа и Audi.

Државното обвинителство Минхен 2 покрена против непознати лица поради сомневања дека е сторено кривично дело измама и недозволена реклама, соопшти државното обвинителство.

Јавниот телевизиски сервис ARD и дневниот весник Sueddeutsche Zeitung пренесуваат дека истрагата е насочена против неколку високопозиционирани менаџери на Audi.

Управата на оваа автомобилска компанија одбила да ги коментира споменатите случувања. Ние во целосна мера соработуваме со властите, бидејќи во наш интерес е овој случај да се расчисти, соопштија челниците Audi.

Покренувањето на постапката и претресот се случуваат токму на денот кога управата на Audi имаше намера да ги презентира резултатите за работењето за изминатата 2016 година и плановите за тековната.

Како дел од концернот Volkswagen и моделите на возилата на Audi се погодени околу скандалот со манипулирањето за вредноста на издувните гасови кај моторите на дизелски погон.