Актуелно

СЈО: Во домот од Грујевски беше најдена тетратка за влијание врз сведоците


Во домот на Горан Грујевски беше пронајдена тетратка во која беше нотирано кога сведоци доаѓале во СЈО и пред кои обвинители давале искази, сакал да има контрола во активностите на СЈО, рече Ристоска.

Во одземениот компјутер од него е пронајден документ со наслов СЈО во кој се наведени лица, кои требало да се јават на распит пред обвинител и било наведено како треба да се однесуваат, наведе обвинителката Ристоска. Обвинетиот сакаше да наведе дека целта на СЈО е да работи на штета на државната безбедност.

Постои опасност од бегство и влијание врз сведоци, тврди СЈО и бара преиначување на првостепената одлука, односно на Грујевски да му се одреди притвор. Обвинителот Артан Ајро рече дека кога првично побарале притвор тој бил во бегство.

Обвинителот Трајче Пеливанов рече дека со оглед на неговата позиционираност во УБК, лесно може да влијае врз сведоци. Честопати ја попречувал работата на СЈО, рече и тој. Одбраната на Грујевски, односно адвокатот Миле Петровски рече дека сите информации дека тој вршел влијание врз сведоци се непотврдени.

Неосновано е барањето за определување на притвор. Одбраната бара де се отфрли жалбата на СЈО. Адвокатот Петар Василев рече дека смешни се наводите дека Грујевски можел да влијае врз сведоци. На ова, обвинителот Пеливанов рече дека се работи за тетрака за следење на обвинители, која ја поседувал Грујевски и негово постојано влијание врз сведоците и затоа побара да му се определи притвор.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!