Home Актуелно СЈО го приведе Љупчо Палевски заради објавување ’бомби’ на Јутјуб

СЈО го приведе Љупчо Палевски заради објавување ’бомби’ на Јутјуб

Поранешниот партиски функционер на СДСМ, бизнисменот Љупчо Палевски вчера беше приведен по барање на СЈО. Засега не се открива точно за кој предмет и за кое дело се товари, но јавноста веќе шпекулира дека се работи за нелегално објавување на ’бомби’ на Јутјуб под псевдонимот ’Никола Тесла’.

Од МВР само потврдија дека лицето со иницијали Љ.П. е задржано во полициска станица по барање на СЈО, но бидејќи станува збор за предистражна постапка, не објавуваат подетални информации за случајот.

Палевски во минатото беше еден од најактивните во градската организација во Скопје и важеше за близок кадар на Бранко Црвенковски. ’Чаршијата’ шпекулираше дека тој стои зад објавувањето на приватни телефонски разговори на јутјуб каналот како „Никола Тесла“. Повеќето од објавените функционери меѓу кои и новинари поднесоа пријави во СЈО против ваквите злоупотреби.

Така на овој канал беа објавени приватни телефонски разговори од екс пратеничката Ермира Мехмети, лидерот на ДУИ Али Ахемти, поранешниот премиер Хари Костов, бизнисменот Јордан Камчев, уредниците на Сител, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, новинарката Оливера Трајковска, Мендух Тачи и тн.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…