Актуелно

Ситно се брои до истекот на рокот за доделување на мандатот, информации нема


Сè уште нема информации од коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, до каде е усогласувањето на ставовите околку гаранциите што треба најдоцна за три дена да му ги предадат на Иванов, за доделувањето на мандатот за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Не се знае во која форма би била гаранцијата, односно дали тоа ќе биде пишан текст кој ќе биде испратен до Кабинетот на Претседателот или, пак, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе оди на уште една средба со Иванов.

Од партијата СДСМ преку партиски соопштенија во неколку наврати го повикаа претседателот Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот и дека со владината прогарама се гарантира унитарноста, условот што го побара Иванов. Молк и од Кабинетот на претседателот Иванов.

И од таму не откриваат никакви детали околу чекорите кои ќе ги преземе Претседателот и дали има на повидок евентуална средба помеѓу Заев и Иванов.

Единствено што е извесно е дека Беса нема да учествува во давањето гаранции заедно со парламентарното мнозинство.

Покрај нив се оградија и од Алијанса за Албанците, кои во неколку наврати кажаа дека тоа е задача на идниот мандатор Зоран Заев.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!