Сите жители на ова гратче живеат во една зграда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Витиер на Алјаска е гратче од околу 200 жители, од кои речиси сите живеат во иста, 14-катна станбена зграда изградена во 1953 година.

Зградата Бегик тауерс во себе, освен станови, има и полициска станица, болница, црква, па дури и перална за алишта. Ходниците малку потсетуваат на оние школските, па често може да се налета на некој од жителите кој по нив се движи по пижами и влечки.

Единствен начин на кој може да се дојде до Витиер е со возење низ еден 4 километри долг тунел кој навечер се затвора. Зимата е толку брутално ладна, што децата одат во школо преку специјално направен тунел. Секоја сезона паѓа снежна покривка од седум метри која е „зачинета“ со брутално ладни ветрови.

Во лето приказната е сосема поинаква. Тогаш таму доаѓаат туристички крстосувачи, јахти и комерцијални рибарски бродови, кои во градот носат илјадници посетители.

Џун Милер на туристите им издава апартмани од June’s Whitier Condo.

Гери Кар работи во Kozy Korner Store, еден од вкупно двата дуќани во Витиер.

Откако на десеттиот кат од зградата беа уапсени илегални одгледувачи на марихуана, полицијата опремата за хидропонично одгледување ја донираше на училиштето од Витиер, каде се користеше за одгледување на зеленчук.

Зимите се претерано ладни, па во зградата има и детски игралишта.