Екстра

Сите зборуваат за нивните униформи: Дали се овие најсекси стјуардеси на светот?


Кинеската авиокомпанија Hainan Airlines своите стјуардеси ги облече во униформи за кои сега зборува цел свет, а поради кои сите тврдат дека токму оваа компанија ги има најубавите стјуардеси на светот.

Во соработка со дизајнерот Лоренс Ксу, кој се занимава со висока мода, тие создадоа униформи кои се спој на врвната мода на западниот свет и традиционалните кинески дизајни и елементи, а униформите се претставени на неделата на висока мода во Париз.

„Сакаме на нашите патници да им покажеме дека Кина е модерна и во тренд“, изјави директорот на компанијата Ксу Феи. Кога фотките на нивните стјуардеси се појавија на социјалните мрежи, луѓето веднаш започнаа со коментари за истите, а некои ги споредуваа со ликовите од Хари Потер.

Нови униформи добија и машките членови на екипажот, кои се облечени во едноставни, доста елегантни сиви одела.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top