Сите зборуваат за еден детал од трејлерот за Wonder Woman – дали сте го забележале?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако излезе трејлерот за Wonder Woman, социјалните мрежи се запалија од коментарите за еден детал од телото на суперхероината.

Имено, обожавателите иницираа голема расправа околу пазувите на Wonder Woman, изразувајќи го своето незадоволство од недостаток на влакна на овој дел од телото, со оглед на фактот дека во времето кога се случува дејството, не постоеле депилатори. Да, звучи лудо и глупаво да се дискутира за ова, ама социјалните мрежи се преплавени од коментари.

На Твитер, пример, имаше разни муабети, од оние на кои ова им смета, до тие кои се пошегуваа на овој пропуст, а на некои не им ни беше јасно за што станува збор.

Актерката која ја игра Супер жената, Гал Гадот, не се огласи на коментарите, иако коментираше некои од критиките кои беа упатени на нејзина сметка откако ја прифати улогата. Една од нив беше поврзана со големината на нејзините гради.

„Тоа се празни муабети. Разбирам дека сум изложена на критики поради улогата која ја играм и иако тие првично ме погодија, сега ми се забавни“; изјави за Ynet. „Секогаш се трудиме да ги направиме луѓето среќни, но ретко успеваме во тоа“, заклучи актерката.

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on