Музика

Сите славни личности кои не напуштија во 2017!


Крис Бејкер е британски уметник кој изработи своја верзија на обвивката на култниот албум на Битлси – „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band”.

На него сепак, наместо членовите на бендот и нивните славни пријатели, се наоѓаат ликовите на личностите од џет-сетот кои го напуштија овој свет во 2017 година.

На колажот, меѓу останатите, се наоѓаат и Хју Хефнер, Чак Бери, Роџер Мур, Гордон Кеј, Том Пети и Крис Корнел.


Палмите развеани во позадината пак, ги симболизираат ураганите и бурите, кои го погодија светот годинава.

– Ја искористив можноста да му укажам на светот и за климатските промени и дека мораме да размислуваме за долгорочните влијанија на човекот врз светот, изјави Бејкер, кој сличен колаж направи и лани.

Дополнително значење на сето тоа му дава тоа што годинава се навршуваат 50 години од издавањето на албумот на „Битлси“.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top