Живот

Сите мислат дека е нормално: Ако ви се случува ова додека пиете – здравјето ви е во опасност


Луѓето кои поцрвенуваат во лицето кога пијат имаат помала толеранција на алкохол и треба да внимаваат на високиот притисок, објаснуваат истражувачите во најновата студија поврзана со овој феномен.

Истражувањето покажа дека ризикот од хипертензија или висок крвен притисок е поголем кај луѓето кои после консумирањето алкохол „светнуваат“ во лицето, Ризикот е значително поголем кога оние кои „поцрвенуваат во лицето“ ќе испијат повеќе од четири пијачки неделно.

Иако црвенилото на лицето после некоја чашка алкохол на некој начин стана „симбол“ за пијанство во разни карикатури или стрипови, па луѓето често се шегуваат со оние кои се вцрвенуваат кога ќе фрлат некоја чашка, истражувачите од Јужна Кореја велат дека во таа појава се крие сериозен проблем кој не е баш за шегување.

„Црвенилото на лицето отсекогаш се смета за знак за висока осетливост на алкохол или дури и за целосна нетолеранција кон алкохолните пијалоци, освен ако пациентот не прима некој посебен лек“, вели лекарот Јонг Сунг Ким за Daily Mail.

„Кога ги зедовме во предвид и годините, индексот на телесна маса, навиките за вежбање и пушењето, истражувањето покажа дека ризикот од хипертензија кај „зацрвенетите во лицето“ е значително поголем после четири пијачки неделно. За разлика од нив, кај оние кои не се вцрвенуваат во лицето кога консумираат алкохол, таа граница е над повеќе од осум пијачки неделно“, вели лекарот.

„Генерално, тој симптом е почест кај же=ните, потоа кај луѓето во подоцнежно животно доба и кај народите од Источна Азија“, заклучува Ким.

Истражувањето било направено на 1.763 Корејци, од кои 288 биле од оние кои не пијат, 527 од оние кои се вцрвенуваат кога пијат и 948 од оние кои не се црвенеат.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top