Синергија на небото и планината: Трескавец – тура добра како старо вино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Односот со планината, со нејзината бучно молчалива дивост и дивина, искусувањето на нејзиниот востоличен и бескомпромисен дуалитет на благост и суровост, спокој и бурност, смирение и безмилосност, бара состојба на телото. Но, за да можете да ги почувствувате во најчистата форма сите нејзини лица, и притоа да не ви се одмили или премногу наеднаш омили, туку постепено, сукцесивно да ви срасне за срцето и духот, многу повеќе од физичка состојба бара духовна настројба.

26-12-treskavec-reportaza19

26-12-treskavec-reportaza2 26-12-treskavec-reportaza3

26-12-treskavec-reportaza4

Ферид Мухиќ во една своја кратка, но суштински безгранично мудра и длабока песна, со стиховите вели:

НЕМОЈ СО ОСТРО ОКО

Кон планината
не смееш со остро око.
Кон висините стремиш – не одиш во бој!
Со благост сонувај, разбуди се здрав
низ твојот поглед нека завиори сокол
кон врвот се стасува со добрина,
со дарот на најубавата нарав.

26-12-treskavec-reportaza10

26-12-treskavec-reportaza14

И доволно кажува. Ако благоста на мислата и спокојната нарав не ви се претечи на вашето планинско патешествие, духот нема да ви биде во балансирана спрега со телото. А токму телото е она кое може да ја почувствува суровоста на планината, и токму духот е оној кој му е безрезервно потребен во такви мигови за да не се скрши, да не попушти, да издржи. Кога на планина одите со воедначеност на емоциите и телесната состојба врз тасовите на паланѕата од физичко-духовното ходочастие наречено планинарење, тогаш нема со сите пори да ја впиете планинската енергија која еднакво смирува и вознемирува, успокојува и возбудува, погалува и удира.

26-12-treskavec-reportaza15 26-12-treskavec-reportaza16

И како што ќе навлегувате во планинските килери на природната дивост, така ќе ви се намалува потребата од зборови и зголемува потребата од глетки, небески драматургии на Сонцето и облаците, размена на интензивни емоции и хармонична убавина на природниот космологичен несклад. Сето тоа, како што рековме, тука ви е на дофат само со благост и најубава нарав. Тогаш и планината ја чувствувате како добро и здраво старо вино, ја чувствувате со секој чекор како виното со секоја голтка. А трескавечкото планинарско ходочастие кое кинисува и завршува со Прилеп е една од таквите тури, блага, допадлива, возбудлива и предизвикувачка – како старо вино.

26-12-treskavec-reportaza6 26-12-treskavec-reportaza9

Кога чекорите меѓу карпестите монолити кои ви ја покажуваат во природен формат сета ваша нискост, беспомошност и физичка инфериорност среде мегаломанската хармонија на космосот изразена преку нивната величествена грандиозност, мислите гласно молчат, духот тихува, а телото трепери и вибрира во пулсот на планинските енергетски артерии.

26-12-treskavec-reportaza11 26-12-treskavec-reportaza12 26-12-treskavec-reportaza13

Како што наближувате кон Трескавец, така сè повеќе ги напуштате зборовите, се повеќе им се препуштате на импресиите.

26-12-treskavec-reportaza5

26-12-treskavec-reportaza7

А кога ќе стигнете – молк.

26-12-treskavec-reportaza8

Останува само песната на ветрот и танцот на зраците и облаците. Останатото е соголена синергија на небото и планината, прекршена во вашата телесна опстојба и духовна настројба.

26-12-treskavec-reportaza17 26-12-treskavec-reportaza18 26-12-treskavec-reportaza20

Фотографии и текст: Александар Војнески