Симптоми и знаци кои предупредуваат дека треба да го смените начинот на вежбање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чувството кога ќе развиете навика конзистентно да вежбате е одлично, но кога веќе ќе почнете да чувствувате дека не добивате многу како резултат, претставува проблем.

Правење на истите вежби секој ден може да предизвика плато, а никој не сака секојдневно да вежба без никакви резултати. Еве некои знаци кои укажуваат на тоа дека треба да го промените начинот на вежбање:

Не сте балансирани
Доколку можете да правите мртво дигање со тежина три пати поголема од телесната, но губите здив и се чувствувате како да ќе добиете инфаркт после еден истрчан километар на лента, тоа значи дека преголем дел од тренинзите сте посветиле само на една мускулна група. Добра фитнес рутина треба да вклучува вежбање на сите мускулни групи, но и развивање на добра кондиција за кардио вежби.

Никогаш не чувствувате DOMS болка

Иако непријатна, болката предизвикана од DOMS (одложена мускулна болка) по вежбањето е знак дека мускулите стануваат посилни. Оваа болка не треба да ја чувствувате после секој тренинг, но доколку комплетно прекинете да ја чувствувате тоа значи дека не ги предизвикувате ниедна од вашите мускулни групи да растат. Тоа е знак постено да ја зголемувате тежината на теговите со кои вежбате, да го продолжите времетраењето на тренинзите, или пак сосема да ја смените рутината со цел вашето тело повторно да се „разработи“.

Повеќе време поминувате во социјализирање отколку во вежбање

Вежбањето со пријател, партнер или друштво има одлични придобивки, но ако поголем дел од времето го поминувате во зборување, резултатите ќе изостанат. Тоа дефинитивно е знак дека фокусот не ви е на вежбањето, и дека рутината која ја користите ви станала здодевна. Истото важи и за прекумерното зборување/четување по телефон, наместо вежбање.