Силен земјотрес ја погоди Јапонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Земјотрес со магнитуда од 6 степени по Рихтерова скала денес го погоди североисточниот дел на Јапонија, а според првичните податоци, нема повредени, ниту пак е предизвикана материјална штета.

Јапонската метеоролошка станица соопштила дека потресот е регистриран во 5:22 часот по локално време, на длабочина од 30 километри.

Според податоците од Американскиот геолошки институт земјотресот бил со јачина од 5. 9 степени и бил почувствуван во Токио, околу 570 километри од епицентарот.