Сигнализира кога има инфекција и го следи процесот на раната – паметниот завој во употреба догодина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Научниците од Универзитетот во Свонси создадоа паметен завој кој следи како зараснува раната и праќа порака до лекарот.

Завојот треба да биде во употреба од идната година.

Тенки сензори регистрираат инфекција и заштитуваат од згрутчување на крвта. Исто така, овие сензори можат да бидат споени на паметни телефони и преку апликација можете да го следите здравјето, што може да биде клучно во процесот на лечењето.

– Традиционалната медицина е таа која на пациентите им пропишува терапија секој месец или секои три месеци. Иднината е во постоењето на разни видови на терапии кои се креираат за поединец врз основ на неговиот животен стил и начин на живот. Понекогаш пациентите толку се плашат на лекарот да му кажат дека се е во ред, но за тоа повеќе нема потреба. Во новиот 5Г свет лекарите и пациентите можат да работат заедно на решавање на проблемите, изјави професор Марк Клемент.

Во тек се и лекарски тестирања. Завојот испушта жолта течност ако е откриена инфекција на раната во самиот почеток.

Минатата година е соопштено дека се работи на завои од оклоп од ракови кои ќе помогнат во побрзо зараснување на раните. Клучната состојка е минерал кој се вика китозан и кој се наоѓа во раковите. Познат е како убиец на бактерии и се користи во Кина за лечење на рани веќе со векови.