Siemens најави отпуштање на 6.900 работници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот индустриски гигант Siemens покажа спремност за разговори со синдикатот на вработените, откако претходно најави дека планира да отпушти околу 6.900 луѓе од персоналот.

„Се надевам дека синдикатот ќе пронајде начин да го претвори протестот во дијалог, за да може да постигнеме рамнотежа помеѓу интересите на двете страни“, рече шефот на кадровската служба во Siemens, Јанина Кугел.

Таа истакна дека постојат неколку начини на кои Siemens може да го намали персоналот без присилни отпуштања, вклучувајќи спогодбен раскин на договорот, обука и заминување во предвремена пензија.

Околу половина од најавените отпуштања треба да се случат во Германија, каде компанијата планира да ги затвори своите фабрики во Герлиц и Лајпциг. Покрај нив, најави за отпуштања постојат и за Ерфурт и Берлин.

Најголемиот работнички синдикат IG Metall ги нарече плановите за реструктуирање на компанијата „голем напад над работниците“.

Досега не се случија состаноци и средби помеѓу раководството на Siemens и синдикатот, но се очекува тие да се случат во текот на наредната недела.