Си шетаат на јаки места и „прават“ пари од тоа – годишно заработуваат 200.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колет и Скот Столер од Лос Анџелес решиле дека им е доста од нивните конвенционални работни места и сакале да печалат на Инстаграм, па си дале отказ и почнале патуваат по светот.

Своите авнатури и патешествија по светските природни и урбани убавини редовно ги документираат со фотографии, видеа и објави на социјалните мрежи и блогови на интернет и се добро платени за тоа.

Нивниот профил на Instagram го отвориле пред 2 години, по седум месеци патување ни светот за кое платиле со парите што ги штеделе за стан.. На крајот на патувањето сфатиле дека имаат многу нови следбеници на профилот и дошле до идеја да направат бизнис од нивниот номадски начин на живот.

Почнале соработки со туристички заедници хотели и други компании и планираат патувања што ги објавуваат на разни онлајн платформи. Од еден пост заработуваат и по 2.000 долари, а нивната годишна заработка изнесува околу 200.000 долари.

***