Спорт

Швеѓаните пробаа да го наместат нивното најголемо фудбалско дерби – еве што се случи


А сега, кому затвор, кому доживотна забрана за занимавање со спорт.

Дерби дуелот од деветтото коло од шведскиот шампионат помеѓу Гетеборг и АИК е одложен поради обид за местење на резултатот од натпреварот.

Тој дуел требаше да биде одигран синоќа, но светските медиуми известуваат дека играчите на АИК сакале за голема сума на пари да го продадат натпреварот со големиот ривал.

Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Шведска, Хакан Сјосранд, изјави дека „ова е сериозен напад врз шведскиот фудбал кој е во секоја смисла неприфатлив и за секаква осуда“. Тој додаде дека за обидот за местење бил известен во средата вечерта и дека истиот миг решил да го откаже најголемото фудбалско дерби во Шведска.

Првиот човек на Гетеборг, Френ Андерсон, потврди дека еден или повеќе играчи од АИК побарале од Гетеборг пари за да им го „пуштат“ натпреварот.

„Не треба да се правиме наивни, како ништо да не се случува. Со вакви работи се соочуваме веќе подолго време“, вели Андерсон, поддржувајќи го одложувањето на дербито.

Ете како тоа се прави во Шведска.

Надлежните изјавија дека за деталната истрага и конечните санкции за актерите од овој скандал ќе ја известат јавноста во наредните денови.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top