Шведска ги објави резултатите од проектот со шестчасовно работно време – еве што велат тие


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двегодишниот тест проект меѓу медицинските сестри во шведски Гетеборг покажал дека шестчасовното работно време ги направило работниците поздрави и ги намалило боледувањата. Паралелно со тоа, се зголемила грижата за пациентите. Но, сето тоа премногу чини. Токму оваа последна ставка би можела да биде погубна за целиот концепт на шестчасовното работно време, пишува Индипендент.

Накратко, овој експеримент покажал дека цената ги надминува предностите кои се остварени со проектот. Тестот опфаќал 68 медицински сестри во старечки дом во Гетеборг. Со намалувањето на работното време вработените биле позадоволни, поздрави, а грижата за пациентите била подобра, покажало истражувањето.

Но, градот морал да вработи дополнителни 17 луѓе, а тоа чинело над милион и пол евра, пренесува Блумберг. Градот решил експериментот да биде прекинат пред трошоците да избегаат од контрола.

Тоа е поврзано со високите трошоци. Премногу е скапо генерално да се скрати работното време, вели Дениел Бернар, локален политичар од левата страна на политичкиот спектар. Но, тој тврди дека и понатаму верува во постепеното намалување на бројот на работните часови. Тој смета дека државата е се побогата па нешто такво во иднина ќе може да си дозволи.

Но, ова не е единствениот пример за големиот експеримент со скратено работно време. Филимундус, компанија од Стокхолм која програмира апликации, исто така воведе шестчасовно работно време.

Осумчасовното работно време не е ефикасно колку што мислат луѓето, вели Линус Фелт, директорот на компанијата. Голем предизвик е да се остане фокусиран на нешто осум часа. Ние ги измешавме работата и паузите за да го направиме работниот ден што е можно поподнослив.

Уште пред 13 година пократко работно време воведе шведската подружница на Тојота. Тоа им донесе поголема продуктивност и пораст на приходите па од тогаш работно време не било зголемено.