Швајцарците секоја година по канализација пуштаат над 43 килограми злато


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарските научници откриваат дека секоја година, во швајцарските канализациски одводи, пропаѓаат повеќе од 43 килограми злато во вредност од скоро 1,8 милиони долари.

Според извештајот од швајцарскиот Федерален институт за водени науки и технологија, златото наводно се губи во калта и отпадот кој минува низ канализациските државни постројки за третман на отпад. Во просек, близу 70% од светското злато минува низ швајцарските рафинерии.

Научниците изјавија дека концентрацијата на злато пронајдена во отпадните води не претставува ризик за животната средина, а повторната експлоатација на тоа злато не би била исплатлива во поголем дел од земјата. Меѓутоа, постојат неколку градови во кои може да се вади злато од канализацијата. На пример, во градот Тицино, кој има богата рафинерија, концентрацијата на благородниот метал во отпадните води е доволно голема, за да ги оправда средствата кои би морале да бидат вложени за повторна експлоатација.

Покрај златото, во калта се пронајдени и скоро 3.000 килограми сребро и други метали како тантал, германиум, кои често се користат во технолошкиот и медицинскиот сектор.

Овие истражувања се направени на 64 постројки за пречистување на отпадни води ширум Швајцарија. Воедно, истите се и први систематски истражувања на отпадните води кои се направени во швајцарските градови.

Швајцарските власти уште не одлучиле што да прават со сето тоа злато во канализациите, но сигурно е дека нема да дозволат овој благороден и скапоцен метал така да пропадне.