Што значи појавата на побелени срамни влакна?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу жени се соочуваат со трауматично искуство кога ќе ги забележат првите побелени срамни влакна. Но, пред да почнете да ги отстранувате со пинцета, треба да знаете дека тие се сосема нормална појава која се случува при стареењето.

– Како што влакната на косата побелуваат со тек на време, исто така побелуваат и срамните влакна. Факт е дека влакната ќе побелат, но сѐ зависи од гените кои ги поседувате, изјави д-р Сејал Шах, дерматолог од Њујорк.

Според истражувањето направено од страна на British Journal of Dermatology, околу 23% од популацијата се соочуваат со 50% на бели влакна во косата до 50-от роденден. Сепак, ако сметате дека срамните влакна пред време почнале да ви побелуваат, можеби станува збор за недостаток од витамин В12 или нарушување на тироидната жлезда. Како и да е, тешко е да го избегнете овој процес.

– Една статија покажала дека пушачите за 2,5 пати имаат поголема веројатност дека порано ќе се соочат со оваа појава. За да ја одложите, откажете се од пушењето, консумирајте храна богата со В12, селен и јод.

Ако не сакате целосно да ги отстранувате срамните влакна, постојат и бои за бојадисување на таа „коса“. Истражете ги сите опции кои ви се на располагање, пред да се одлучите за една.