Што му се случува на организмот кога си заспиваме пијани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Често пати по пијана ноќ, заспиваме веднаш штом ја ставиме главата на перницата (ако воопшто стигнеме до креветот).

Но, наредното утро се чувствуваме ужасно, иако сме спиеле доволно долго за да сме одморени.

Прво, нè релаксира, што го олеснува заспивањето. Но, без разлика колку ни се чини дека запаѓаме во длабок сон, тоа не е точно, бидејќи алкохолот го намалува траењето на REM фазата од спиењето, која всушност е длабоката фаза која не прави да се чувстуваме одморени наутро. REM фазата е витална за добар сон и што повеќе чашки сме испиле, толку помалку таа ќе трае.

Алкохолот исто така може да го потисне дишењето, што ја создава состојбата наречена спиечка апнеа. Поточно, можат да се јават периоди од по неколку секунди во текот на ноќта кога дишењето буквално запира.

Спиечката апнеа нè прави уште поисцрпени наутро, бидејќи не само што предизвикува постојано будење, туку на мозокот му бил скратен кислородот во текот на ноќта.

Наравоучение – ако веќе пиете, пијте умерено или не очекувајте да се разбудите без опасен мамурлак.