Што ќе каже Пеп на ова: Мурињо жестоко го нападна Гвардиола!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После ремито на „Олд Трафорд“ со Барнли, Мурињо повторно одби да ја преземе одговорноста и најде оправдување за лошиот резултат.

„Специјалниот“ истакна дека навивачите имаат нереални очекувања и дека тимот е се уште во реконструкција.

Иако за две години откако пристигна на „Олд Трафорд“, Мурињо потроши 300 милиони евра, сепак се пожали дека нема доволно голем буџет за трансфери, притоа директно го нападна градскиот ривал Манчестер Сити.

„Манчестер Сити купува бекови кои чинат колку напаѓачи! Ние тоа не го можеме. Цените за големите клубови не се исти како за останатите. Во последните три меча немавме среќа, а упативме 15 шута на гол. Јасно е дека Јунајтед не е меѓу најдобрите тимови во светот и дека реконструкцијата треба да продолжи“, се правдаше Мурињо.

Дали Гвардиола ќе одговори на ваквата провокација или нема да наседне не игрите на Портуаглецот останува да видиме.