Што е најплатено во Македонија: Кои професии тежат најмногу кеш кај нас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година изнесува 23.457 денари.

Во однос на декември 2015 година, индексот е зголемен и изнесува 103.3, а ова зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (55.8 проценти), информации и комуникации (9.6 проценти) и градежништво (7.7 проценти).

Ова се професиите кои земаат највисока нето плата во Македонија, за 2016 година:

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности: 66.896 денари
Правни и сметководствени дејности: 59.124 денари
Воздухопловен транспорт: 54.827 денари
Телекомуникации: 48.450 денари
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати: 43.982 денари