Штерјовски после подготовките: Има голем напредок во играта!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шефот на Стручниот штаб на Победа Зоран Штерјовски по враќањето од Банско даде своја анализа на досегашнит тек на подготовките.

„Подготовките поминаа одлично. Се сработи се она што имавме планирано со исклучок на еден неодигран натпревар, оној со Монтана. Можеби ни недостасуваа поквалитетни противници во контролните нетпревари, со исклучок на оној со Академија Пандев, но секако дека и овие третолигашки бугарски тимови покажаа цврстина. Делуваа дефанзивно со организирана одбрана при што ние на некој начин имавме можност да организираме стрпливи напади“.

„Имавме голем процент на посед на топка, создававме голем број на шанси но реализацијата на тие шанси беше слаба. Во секој случај сметам дека имаме голем напредок во нашата игра и во оваа трета финална фаза до почетокот на првенството ќе треба да обрнеме посебно внимание токму на таа реализација преку брза игра, со што според мене подготвени ќе го дочекаме првенството од секој аспект. До почетокот на првенството ќе одиграме уште 2-3 контролни натпревари со поквалитетни противници додека генералката би требало да биде со Пелистер, секако во зависност од утрешниот жреб за новата сезона“, истакна Штерјовски.