Шпански затвореник оживеа пред обдукција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


29 годишниот затвореник од Шпанија кој отслужувал казна за грабеж во Австрија, бил најден во својата келија без знаци на живот.

Потврдена е смррта од страна на два дежурни лекари кои го прегледале телото. Еден час после тоа телото е прегледано и од форензичар, а дури после четири часа во мртовечницата е откриено дека нешто тргнало наопаку.

Итно бил префрлен во друга болница на интензивна нега, каде било потврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна. Од затворот не знаат да објаснат што се случило бидејќи смртта на затвореникот била потврдена од тројца лекари.

Интересно е тоа што, дента пред да биде пронајден „мртов“, затвореникот се жалел дека се чувствува болно и имал знаци на цијаноза – виолетова нијанса на кожата предизвикана од слаба циркулација или недостаток на кислород.

Надлежните лица од болницата за шпанските медиуми изјавиле дека лажната смрт би можела да биде случај на каталепсија, кога телото е во состојба на транс или конвулзија, што резултира со губење на свеста и сензацијата, како и со физичка ригидност т.е вкочанување.

Неговото семејство велат дека тој боледувал од епилепсија, но и дека се сомневаат дека во затворот редовно земал лекарства.