Еротика

Шоуто на RTL во кое се сексаат славни фаци го гледаат 1,5 милиони луѓе (18+)


Додека повеќето публика ширум европските медиуми се згрозува и на малку отфазла гола кожа, провокативни тверк потези и слични провокативни сцени, Британците го гледаат своето Love Island во кое екипата нон стоп се секса, а Германците имаат уште попровокативен пандан на тоа шоу.

Adam sucht Eva (Адам ја бара Ева) на германската RTL e шоу во кое еден куп познати фаци шетаат голи  по островот на кој се снима истото. Што ќе стигнат на него, мора да соблечат сè од себе, а логично е дека, кога луѓето се голи, сексуалните „испади“ се случуваат уште побрзо и позачестено.

Разликата помеѓу британското и германското шоу од овој тип е во тоа што Британците ја цензурираат голотијата, додека Германците дозволуваат да биде сè видливо за своите гледачи. Така, оваа сезона германската публика гледаше како пејачката Мелоди Хас и сурферот Мариус Хоп се сексаат, најпрвин во када, а потоа и на кревет.

Нивната љубов не траеше долго, подоцна се искараа, па очигледно овој пат Адам не ја најде својата Ева.

Шоуто го следат 1,5 милиони гледачи од Европа, бидејќи се емитува во Холандија, Шпанија, Франција, Финска и Унгарија.

„Мажите и жените се среќаваат на тропски остров, целосно голи. Нивните личности совршено се совпаѓаат во теорија, но дали ќе се сложат и во стварност?“, стои во описот на шоуто.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top