Home Актуелно Шокантно: ЦИВИЛ објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад врз Села во Собранието

Шокантно: ЦИВИЛ објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад врз Села во Собранието

ЦИВИЛ, Центар за слобода, објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието и обидот за убиство на пратеници од редовите на новото парламентарно мнозинство, на 27 април. На фотографиите е групата напаѓачи на пратеникот Зијадин Села.

Според доверливи извори, едно лице кое се наоѓа на овие фотографии се уште не е идентификувано. Постои голема сличност меѓу тоа лице и лицето на фотографијата најдолу.

ЦИВИЛ ги повика институциите да ги извршат своите законски обврски и да ги приведат извршителите, организаторите и нарачателите на овој акт на тероризам.

Извор: Фокус

Вчитај повеќе поврзани статии

Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…