Вебкафе

Шокантно: Сакал да оди како Исус по вода – го изедоа крокодили пред верниците


Свештеникот кој на својата заедница сакал да им покаже дека поседува моќи слични на Исус Христос, беше изеден од крокодили откако се обиде да оди по вода.

Џонатан Мтетво од заедницата Saint of the Last Days Church во Нигерија сакал да ги демонстрира своите библиски моќи, но на негова несреќа, тој обид го направил во реката позната како „Река на крокодилите“, пишува Unilad.

„Не учеше на верата изминатата недела, ветуваше дека денес ќе ја демонстрира, но за жал пропадна и го изедоа три големи крокодили пред наши очи. Уште не сфаќаме како се случи тоа, бидејќи се молеше и постеше цела недела“, изјави еден од членовите на верската заедница, ѓаконот Нкоси, за The Nigerian Daily Post.

Ако може да им се верува на сведоците на настанот, свештеникот загазил во реката и кога дошол доволно длабоко, се обидел да се издигне над водата. Но, наместо таа појава, се појавиле три крокодили, го распарчиле и го изеле пред очите на верниците. За само неколку минути од него останале само сандалите и дел од долната облека која останала да плови по реката.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!