Вебкафе

Шокантно: Падна во несвест додека го изведуваше трикот со лудачка кошула


Илузионистот Крис Ејнџел заврши во болница, откако се онесвести на сред сцена при изведувањето на трик.

Инцидентот се случи при настап во Лас Вегас, кога при изведувањето на трикот за ослободување од т.н. „лудачка кошула“ додека виси со главата надолу, 49-годишниот Крис одеднаш изгубил свест.

Како што јави „Дејли Мејл“, илузионистот веднаш бил пренесен во болница, каде му е укажана медицинска помош и каде бил задржан неколку часа.

Причините за онесвестувањето на илузиностот засега не се соопштeни.

Еден корисник на Твитер, кој бил во публиката за време на настапот на Крис, на оваа социјална мрежа објави дека имал впечаток дека илузинистот починал при изведбата на трикот.

При изведувањето на истиот трик, Крис имал проблем и при настап во 2013 година во Њујорк, кога го повреди рамото и мораше да биде опериран. Поради операцијата тој неколку месеци паузираше со своите настапи.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top