Вебкафе

ШОКАНТНО: Неверојатна грешка на Руски пилот

rusija

Воен хеликоптер во текот на воената вежбата во Русија, по грешка ги погоди цивилните паркирани авотмобили, а за тоа доказ ни е снимката која е објавена на интернет пораталите.

На снимката која е објавена денес се гледа хеликоптер кој фрла ракети на воен камион прекриен со мрежа, а близу до него се паркирани три цивилни возила без воени ознаки.

Цивилните луѓе кои стојат близу камионот ги покри облак со чад, а човекот кој го сними видеото лежеше на земја.

На ова подрачје во Русија се одржуваат воените игри „Запад 2017“, големи воени вежби, а во понеделник на нив ќе присуствува и претседателот на Русија – Владимир Путин.

Во воената вежба учествуваат 250 тенкови, 10 бродови и разни ракетни средства. Руската војска потврди дека се случи овој настан, но негираат дека тоа било за време на воените игри.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top