Шокантно: 10 години одбивал секс со неа – таа му се одмазди на најжесток начин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жена од Индија му ги отсече гениталиите на сопругот бидејќи тој цели десет години одбивал да има сексуални односи со неа, пренесува Hindustan Times.

30-годишната жена од индиската сојузна држава Утар Прадеш целосно полудела кога нејзиниот 34-годишен сопруг повторно, по којзнае кој пат, одбил да има секс со неа велејќи дека нејзе нема да ѝ направи дете. Фрустрирана од неговото однесување, таа го зела кујнскиот нож, го нападнала сопругот кога излегол од бањата и му ги отсекла гениталиите.

Мажот, инаку оператор во такси служба, веднаш бил пренесен на болница во критична состојба. Доктор Саураб Гупта ги известил медиумите дека неговите полови органи се исечени и дека бил итно опериран.

Жената била уапсена и сместена во притвор, а полицијата извести за нејзиниот исказ пред органите на законот дека изјавила оти нејзиниот сопруг „психички ја измачувал со години, бидејќи не остварувал физички контакт со неа и избегнувал да имаат деца“.

„Се фалеше со својата машкост и велеше дека може да има деца, но со друга жена, а не со мене. Сепак, го толерирав, но не ја знаев причината поради која ме мрази. Често бараше да си одам. Се венчавме во 2006 година, а често ме навредуваше и малтретираше, како мене, така и мојата сестра. На секој можен начин се обидував да имам деца со него, но тој едноставно не сакаше физички контакт со мене“, изјавила жената за полицијата, додавајќи дека не жали за својата постапка, бидејќи долго била понижувана.