Вебкафе

Шокантни сцени во рингот: Го нокаутираше противникот, па доби ќотек од навивачите


Кик-бокс турнирот во Париз, кој се одржа во саботата вечерта, заврши со хаотични сцени за време на борбата помеѓу Муртел Гроенхарт од Холандија и Харут Григориан од Ерменија.

Инцидентот се случи во втората рунда од борбата. Григориан прими неколку удари, а потоа од некоја причина ги спушти рацете и му сврте грб на противникот. На тоа Гроенхарт не запре, туку го удри од зад грб и го собори на подот.

Тоа беше доволен сигнал за навивачите на Ерменецот да влезат во рингот и физички да се пресметаат со холандскиот боксер.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!