Видео

Шокантна брканица: На мечката ѝ се возеше точак или ѝ се пријаде „бајкер“?!


Двајца планински велосипедисти имаа негостопримлива кратка средба со шумската „домаќинка“ додека имаа еден „даунхил“ спуст низ патеките на Малино Брдо во Словачка.

Душан Винжик го следеше својот другар во „даунхил“ спустот и адреналинското возење го снимаше со камера врз својот заштитен шлем, кога една голема кафена мечка изрипа од шумата пред него и почна да го брка неговиот пријател. Винжик викаше за да го предупреди својот другар дека го брка мечка.

По кратко бркање на „бајкерот“, мечката се откажа од потерата и скршна повторно во шумскиот предел. Велосипедистот кој беше бркан од мечката го запре возењето и тоа најверојатно беше добар потег, бидејќи патеката тука скршнуваше точно во правец кој повторно ќе ги одведеше кон вознемирената мечка која најверојатно ќе ги пресретнеше на патеката подолу.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!