Шок за Шахтјор: Капитенот Срна падна на допинг тест


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Украинските медиуми пренесуваа дека Дарио Срна паднал на допинг тестот пред натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Шахтјор и Наполи.

Оваа информација неофицијално ја објави весникот „Спортивка“ од Лвов. Официјална информација од Шахтјор сеуште нема, а клубот најави дека наскоро на својата интернет страница ќе ја информираа јавноста по ова прашање.

Според пиувањата на овој медиум, Срна го пропуштил натпреварот изминатиот викенд против Черноморец од Одеса во рамки на украинското првенство токму поради тоа што паднал на допинг тестот.

Дарио Срна е вистинска легенда на Шахтјор, во чии дрес ја игра 14-та.сезона. Тој има 35 години и доколку шпекулациите дека бил позитивен на допинг тест се вистина, тогаш тоа може да го забрза неговото заминување во пензија.